Маас: Турција ризикува заживување на Исламска држава

Со нападите врз североисточниот дел на Сирија, Турција „смислено ризикува натамошна дестабилизација на регионот“ и заживување на Исламска држава,  изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, пренесоа француските медиуми.

– Сирија има потреба од стабилност и политички процес. Меѓутоа, турската офанзива сега се заканува да предизвика нова хуманитарна криза – изјави Маас, додавајќи дека Берлин ќе „ја повика Турција да ја прекине својата офанзива“ и да ги обезбеди своите интереси во областа на безбедноста на мирен начин.