Мачна победа на Јуве за привремен престој на чело на табелата

Во средата од 22-то коло на италијанското фудбалско првенство, актуелниот првак Јувентус на гостувањето во Верона го совлада Киево со 2:0 преземајќи го барем до недела челното место во Серија А.

Торинската „Стара дама“ го скрши отпорот на Киево дури со два играчи повеќе на теренот. Во 37 минута беше исклучен Самуел Бастејн а во 61 минута истото му се случи и на Фабрицио Качиаторе. Шест минути подоцна Јувентус дојде во водство кога Фулипо Бернадески со повратна топка го проигра Само Кедира кој ја затресе мрежата на домашните. Сите дилеми околу победникот ги реш Гонзало Игуаин во 88 минута кој беше прецизен со глава по нафрлувањето од Даглас Коста.

Во претходно одиграниот меч Аталанта на гостувањето го совлада Сасуаоло со 3:0. Стрелци на головите беа Андреа Масиел во 30, Брин Кристанте во 83 и Рем Фруелер во 86 минута.

Јувентус со победата привремено го презема водството на табелата со 56 бодови, два повеќе од Наполи кој во недела ја пречекува Болоња. На трето место е Лацио со 46 бодови, Интер има 43 бода на четвртото место, а петтата Рома има 41 бод

Киево е на 13-то место со 22 бодови, Аталанта се искачи на седмото место со 33 бодови, додека Сасуоло е 14-ти со 22 бодови.