Мадагаскар со ново изненадување на Африканскиот куп

Фудбалската селекција на Мадагаскар продолжува со изненадувањата пласирајќи се во четвртфиналето од Африканскиот куп на нациите, откако во осминафиналето ја победи репрезентацијата на ДР Конго со 4:2 (2:2) по подоброто изведување на пеналите.

За 108-та репрезентација на листата на ФИФА ова е најголемиот успех во историјата. Имено, Мадагаскар досега никогаш не настапил на африканското првенство, а во својот премиерен настап ја мина групата освојувајќи го првото место пред фаворизираната Нигерија, а сега го победи и ДР Конго за пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на „Црниот континент“.

Неделниот натпревар беше интересен во кој Мадагаскар беше поблиску до победата и во рамките на 90-те регуларни минути. Меѓутоа, ДР Конго со голот во судиското продолжение да израмни на 2:2 и да избори продолжување.

Мадагаскар поведе во 9 минута со голот на Ибрахим Амаде, а израмни поранешниот напаѓач на Вилјареал а сега член на кинескиот Беџинг Гуан, Седрик Бакамбу во 21 минута. Мадагаскар, кого од клупата го води францускиот стручњак Николас Дупуи, одново дојде во предност во 77 минута преку Фабнев Андиатсиме, а кога се чинеше дека мечот ќе заврши со резултат 2:1, Конгоанците изрманија со голот на бекот на Порто, Кансело М’бембе по нафрлување од корнер. ДР Конго во продолженијата беше подобар, но не успеа да ги постигне и третиот гол.

При изведувањето на пеналите, играчите на Мадагаскар беа прецизни. Головите ги постигна Ибрахим Амада, Ромен Метаните, Томас Фонтен и Жером Момбрис, додека кај Конго Марсел Тисернд и Јаник Болаис шутираа над голот, а прецизни беа самоБекмабу и Пол Жозе М’поку.

Мадагаскар во четвртфиналето ќе игра против победниот од дуелот Гана – Тунис, кој на распоредот е во победелник. Вечерва играат уште Алжир и Гвинеја.