Мадона го откажа првиот од 15-те концерти во Лондон

Поп иконата Мадона го откажа во саботата првиот од петнаесетте предвидени концерти во Лондон, кој требаше да се одржи во понеделникот.

Посетителите се информирани за откажувањето на концертот со порака и во саботата им биле вратени парите, објави организаторот на серијата лондонски концерти Ticketmaster.

Концертот требаше да се одржи во повеќе од стотина години стариот театар „Лондон Паладиум“ кој има 2.300 места. Следниот концерт ќе се одржи во истата сала во среда, се наведува на страницта на театарот.

Концертите на Мадона во Лондон ќе се одржуваат до 16-ти феверуари.

Шеесети и едногодишната „кралица на попот“ ги откажа минтата седмица концертите во Лисабон, објавувајќи на Instagram дек „мора да го слуша своето тело и да се одмори“. Промоторот на нејзините концерти во Португалија им се извини на фановите на Facebook, и напиша дека пејачката сѐ уште се бори со „болките од постојаните повреди“.

Неодамна Мадона на Instagram објави своја фотографија во ледена купка. Според медиумските написи, во ноември на посетителите на нејзиниот концерт во Сан Франциско им кажала дека има оштетени лигаменти и птоблеми со колената.

Неколку концерти во рамките на светската турнеја „Madame X“, бе откажни во САД минататаа година, вклучително и најавенит во Бостон, Њујорк и Мајами.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.