Мадона има ново момче? Поп дивата заведе 40 години помлад манекен

Поп дивата Мадона дефинитивно ја живее втората младост. Пејачката не само што изгледа подобро (и помладо?) од кога било досега, туку љубовта ја бара исклучиво во прегратките на помладите мажи.

Откако пред неколку месеци ја прекина тригодишната врска со танчерот Ахламалик Вилијамс, 35 години помлад од неа, таа сега започна романса со уште еден згоден млад маж.

Имено, Мадона го заведе 23-годишниот модел Ендрју Дарнел, а наводно оваа романса се вжештува. Двојката била забележана како се „прегрнува и мази“ во петокот вечерта на концерт во Њујорк, пишува Page Six.

Прославената 64-годишна пејачка на Инстаграм објави и фотографии од ова вечерно излегување, а на една од нив Дарнел ја стави раката на нејзиното рамо и ја потпира главата на нејзината додека правеа селфи.

„Page Six“ пренесува и дека по концертот, „гулапчињата“ отишле во популарен ресторан на Менхетен до доцна вечера, а Мадона целата вечер ја поминала танцувајќи и правејќи селфи на масата.

– Тие дефинитивно разменуваа нежност. Мадона и Ендру видно биле блиски цела ноќ, се бакнувале и гушкале во сепарето – велат извори од местото на настанот.