Мадрид ги затвори музеите поради коронавирусот, позитивна и министерка

Сите државни музеи во шпанската престолнина Мадрид, вклучително и најпознатите Музеот Прадо и Музеот на кралицата Софија, во четвртокот ги затворија вратите за посетителите поради епидемијата од коронавирусот, а позитивна на Covid-19 вила е мионистерката за еднаквост во новата шпанска влада.

Мерката за затворање на музеите ќе остане на сила на недореден период, соопшти шпанското министерство за култура. Музеот ја кралицата Софија, каде е изложена славната слика на Пабло Пикасо – „Герника“, исто така, соопшти дека е забранет влезот за посетителите.

Властите на регионот на градот Мадрид претходно донесоа мерки за затворање на детските градинки, училиштата и фактултетите во следните 15 дена, за да се избегнат масовни собирања. Истовремено шпанската престолнина, како и земјата, се соочува со силен раст на бројот на заболените од коронавирус.

Челникот на регионот Мадрид, Диаз Ајузо, изјави во четвртокот за локалната телевизија TV5 дека шпанската влада ја разлгедува можноста целиот Мардид да биде прогласен за карантин, за да се спречи ширењето на коронавирусот во другите делови на земјата. Претходно во средата шпанската влада ги негираше ваквите планови.

Владата во четвртокот, пак, извести дека нејзината министерка за еднаквост, 32-годишната Ирене Монтеро, е позитивна на коронавирусот, и свика итна седница во Мадрид. Пред Монтеро уште три пратеници во шпанскиот парламент, припадници на опозициската десница, се заболени од коронавирусот. Од вторникот парламентот е затворен на две седмици.

Монтеро, членка на левичарската партија Заедно можеме (Unidas Podemos), на функцијата е од јануари, кога беше формирана владејаќката лева коалиција со тенко мнозинство. Таа се чувствува добро и се наоѓа во карантин, соопшти владата. Монтеро инаку е партнерка на Пабло Иглезијас, челникот на Unidas Podemos и вицепремиер во владата, со кого живее во заедница и има деца.

Со 2.277 забележани случаи на коронавирусот Шпанија по Италија е земја со најмногу заболени во Европа. Од овој број половината се во Мадрид и околината. Починаа вкупно 55 лица, од тоа 31 заболен во Мадрид.