Мадрид: Илјадници на протест против самитот на НАТО, веат знамиња на СССР

Носејќи ги знамињата на поранешниот Советски сојуз со срп и чекан, кој го симболизира некогашниот Варшавски пакт, илјадници луѓе протестираат во неделата Мадрид против самитот на НАТО кој следната седмица ќе се одржи во шпанската престолнина.

Челниците на земјите членки на Северноатлантскиот сојуз ќе се сретнат во Мадрид на 29-ти и 30-ти јуни, со сеопфатни масивни мерки на обезбедување. Главните теми ќе бидат предизвиците без преседна произлезени од руската воена интервенција во Украина, како и барањето на Финска и Шведска за членство во НАТО, на што се спротиставува Турција.

Демонстрантите денеска на улиците во Мадрид јасно дадода до знаење дека зголемувањето на издвојувањето пари за војските, на коешто НАТО инсистира меѓу европските земји членки, го сметаат закана за мирот.

„Преку главата ми е од оружја и убивања луѓе. Решенијата кои ги предлагаат се повеќе оружје и повеќе војни, а ние тоа секогаш го плаќаме. Поради тоа, не за НАТО и воените бази. Американците нека си заминат и нѐ остават на мир, без војни и оружја“, рекла во анкетата на Reuters Конча Хојој, една до демонстрантите.

И друг демонстрант, кој се претставил како Џалед на 29 години, смета дека НАТО не е решението за војната во Украина.

Според организаторите на протестниот собир, во Мадрид протестираат 5.000 луѓе.

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес за весникот El Pais изјави дека на самитот, исто така, ќе стане збор и за заканата којашто доаѓа од јужното европско крило, во Африка, Албарес смета дека Русија преставува закана и на тоа јужно крило.