Мадрид испраќа Национална полиција во Барселона

56

Шпанија се заканува да ја испрати Националната полиција за да се осигури безбедност во Каталонија, пишува шпанскиот весник „Ел Паис”.

Шпанската извршна власт, предводена од Педро Санчез, испрати три писма до каталонските власти, изразувајќи незадоволство од „неизвршување на обврските” од страна на регионалната полиција и предупреди дека ако регионалната влада не гарантира јавна безбедност, Министерството за внатрешни работи ќе испрати припадници на Националната полиција.

Шпанската влада воведува построги мерки против каталонските сепаратисти, по викендов, кога активисти за независност на Каталонија го блокираа главниот пат и формираа патарини, додека регионалните полициски сили не презедоа никакви активности. Предупредувањето следува по закажаниот состанок на Владата, кој се очекува да се одржи на 21 декември во Барселона, наместо во Мадрид, како дел од владината одлука седниците да се одржуваат и во други шпански градови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.