Мадридското дерби за Реал, последната Хуеска со гостинска победа

126

Во последниот натпревар од саботната програма на 23-то коло од шпанското фудбалско првенство последната Хуеска славеше на гости кај Жирона и го замеша дното на табелата, а мадридското дерби кое им припадна на „Кралевите“ донесе меч со многу случувања и чести прегледување на снимките.

Двоен стрелец за Хуеска бепе Аргентинецот Езекиел Авила. Првиот погодок го постигна со прецизен удар од дваесетина метри во 35 минута, а само пет минути подоцна ја заова топката под пречката на асистенција на Гаљего.

За Хуеска ова е само четвртата победа сезонава, а со 18 бодови и натаму е на последното место, но сега Вилјареал има само два бода повеќе, Рајо Ваљекано пет, а Жирона и Селта Виго по шест.

Најинтересниот дуел во ова коло, мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал, ќе остане запаметено по изобилството случувања на теренот и зачестеното користење на видео-технологијата за прегледување на спорните моменти, а „белите“ на крајот ги совладаа „црвените“ со 3:2, пред повеќе од 67.000 гледачи на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Реал поведе во 16 минута, кога Каземиро со „ножички“ го совлада домашниот голман Јан Облак, по повторното изведување корнер, по кој топката на петерецот со глава ја сврти Бензема. Водството на гостите само девет минути, кога Антоан Гизман искористи асистенција на Кореја и ја провре топката меѓу нозете на Тибо Куртоа. Судијата Фернандез тогаш првпат ја прегледуваше снимката дали имало офсајд, но ги призна погодокот.

Вториот пат видео-снимката беше прегледува за проценување дало Винисиус во 41 минута е соборен во шестнаесетникот. Впечатокот беше дека контактот се случи пред казнениот простор, но судијата Фернандез покажа на белата точка, а прецизен реализатор беше капитенот на Реал, Серхио Рамос.

Во 54 минута Алваро Мората со прекрасен лоб удар го совлада Куртоа, но видео-технологијата покажа дека при додавањето за чекор бил зад последниот одбранбен играч на Реал, па голот беше поништен. Мората во 68 минута е обиде да изнуди пенал, со пад преку испружената нога на Каземиро, но Фернандез покажа играта да продолжи. Во 74 минута Герет Бејл ја потврди победата на Реал. Беше одлично проигран од Лука Модриќ, а Велшанецот од 15-ина метри откосо од левата страна го погоди спротивниот агол од голот на Атлетико.

Реал со 45 бодови скокна на второто место, со бод повеќе од Атлетико. Водечката Барселона има 50 бодови и меч помалку кој ќе го игра во недела во Билбао.

Во саботата Хетафе го анулираше брзото водство на Селта Виго и на крајот славеше со 3:1. Араухо ги доведе гостите во водство во втората минута а на одмор се отиде со реми откако во 39 минута од пенал прецизен беше Мата. Во второто полувреме домашните дојдоа во водство во 62 минута преку Молина а победата ја потврди со својот втор погодок на мечот Мата во 81 минута.

Хетафе се држи веднаш зад водечката четворка со 35 бодови, бод помалку од четвртата Севилја која има и меч помалку, а три бода пред шестиот Бетис кој исто така во недела ќе го игра својот дел од ова коло. Селта е 16-та со 24 бодови.

Еспањол со пресврт во второто полувреме пред своите навивачи со 2:1 го победи Рајо Ваљекано. Ба стрелаше прецизно за гостите во 33 минута, а потоа Илгезијас израмни во 72 минута, а победата на домашните им ја донесе Дардер во петтата минута од судиското продолжение. Еспањол моментално се проби на 11-то место со 28 бодови, а Рајо со 23 бодови е 18-ти во зоната клубови кои се селат во Сегунда.

Напладне во недела програмата ја отвора дуелот Леганес – Бетис, а потоа следат дуелите Валенсија – Реал Сосиедад, Севилја – Еибар и Атлетик Билбао – Барелоно, а во недела вечер колото го затвораат Алавес и Леванте.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.