Мадуро ги повикува оние кои поседуваат обврзниците на преговори

Претседателот Николас Мадуро ги повика оние кои поседуваат обврзници на „преговори“ за венецуелскиот надворешен долг следните денови, како одговор на неодамнешните американски финансиски санкции.

Венецуела, земја со најголемите нафтени резерви на светот, е во длабока рецесија и нејзините девизни резерви се најниските по повеќе од две децении, а владата на претседателот Николас Мадуро и државната нафтена компанија PDVSA ора да платат околу 4 милијарди американски долари долг и камати до крајот на 2017 година.

„Сите коишто поседуваат обврзници се повикани во различни кругови на преговори во текот на следните неколку седмици“, изјави претседателот во говорот пред новото Уставотворно собрание.

Мадуро повтори дека Венецуела ќе ги почитува своите обврски во врска со долгот, но рече дека сака да разговара со оние коишто поседуваат обврзници, а кои се погодени од санкциите коишто неодамна ги наметна американскиот претседател Доналд Трамп.

Белата куќа кон крајот на август ѝ воведе на Венецуела нови финансиски санкции, меѓу кои и збраната а купување нови обврзници кои ги издаваат венецуелската влада и националната нафтена компанија PDVSA.

Покрај тешката економска криза, Венецуела ја зафати и политичка и институционална криза. Мадуро повеќе од четири месеци се справува со протестите на опозицијата којашто бара негова оставка.

Венецуела, којашто е богата со нафта, но чија задолженоста се проценува на повеќе од 100 милијарди долари, стравува од неликвидност .

Вашингтон и Каракас , кои од 2010 година немаат дипломатски врски, ги задржаа цврстите економски и трговски врски, во прв ред во нафтената индустрија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.