Мадуро и Гуаидо ги повикаа граѓаните на протести

Повикот за протести дојде во време кога земјата е во хаос поради општиот недостаток на електрична енергија.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговиот ривал, лидеот на опозицијата Хуан Гуаидо ги повикаа своите поддржувачи да излезат на улица.

Повикот за протести дојде во време кога земјата е во хаос поради општиот недостаток на електрична енергија.

Откако вчера Венецуела е без струја, откажани се многу летови, скратено е работното време, болниците не работо со полн капацитет, ограбени се многу продавници. Власта и опозицијата се обвинуваат меѓусебно за падот на електричниот систем.

-Го повикувам народот на Венецуела масовно да излезе на улица против корумпираниот и неспособен режим, кој не однесе во мрак, напишал на Твитер, самопрогласениот привремен претседател Гуаидо.

Мадуро пак од друга страна ги повика граѓаните да излезат на улица против империјализмот.

Инаку, засеге не е позната причината поради која Венецуела е без електрина енергија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.