Мадуро и Гуаидо постигнаа договoр за соработка против коронавирусот

Владата на левичарскиот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, и челникот на десничарската опозиција Хуан Гуаидо постигнаа договор за заедничко барање средства за борба против короанвирусот во оваа јужноамериканска земја опустошена со долгата економска криза и американските санкции, како и политичките тензии.

Според документот кој во вторникот го објави венецуелската државна телевизија, министерот за комуникции Хорхе Родригез, валдата и опозицијата ќе собираат средства со помош на Панамериканската здравствена организација (PAHО). Претходно тимот за комуникација со медиумите на Гуаидо, исто така, соопшти дека е потпишан „технички план за соработка во правувањето со хуманитарната криза предизвикана од коронавирусот“.

Од PAHО за агенцијата AFP го потврдиле склучувањето на договорот, но не откриле поединости од него. „PAHO подготвува мерки со коишто ќе се поддржи имплементацијата на договорот“, рекол портпаролот на организацијата чие седиште е во Вашингтон.

Во текстот кој го прочита министерот Родригез се наведува дека „двете страни предлагаат координирана соработка, со подршка на PAHO, во пронаоѓањето финансиски средства кој ќе ги зајакнат капацитетите на државата за одговор“ на коронавирусот. Договорот е потпишан во понеделникот во Каракас и ги изнел „приоритетните“ мерки во борба против епидемијата, како што е откривање на активните случаи и правовремено лекување на заразените.

Односите меѓу Мадуро и Гуаидо последните неколку години се извонредно заострени, откако вториот стана лидер на десната опозиција во Венецуела. Гуаидо, кој е претседател на парламентот во кој мнозинството го има опозицијата, во јануари минатата година по одобрување од САД се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела, оспорувајќи го реизборот на претседателот Мадуро на изборите претходната есен. На таа функција го признаа педесетина земји американски сојузници, но тоа не доведе до битна промена во неговата моќ во Венецуела и промена на власта во земјата, иако Вашингтон повикува отворено на соборување на Мадуро.

Во Венецуела се потврдени околу 1.800 случаи на зараза со короанвирусот, со 18 смртни исходи, но меѓународните здравствени организации сметаат дека оваа бројка е потценета. Епидемијата ја погоди цемјата во времето на тешката економска криза, огромната инфлација и колапсот на јавните услогу,. Обедиентите нации проценуваат дека кризата поттикнала егзодус на околу пет милиони Венецуелци.