Мадуро најавува обнова на преговорите со опозицијата

24

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека негови претставници наскоро би можеле да се вратата на преговорите со опозицијата, кои беа прекинати на почетокот од месецов.

Мадуро рече дека „добри вести“ во врска со преговорите кои ги организираше Норвешка, би можеле да стигнат во наредните неколку дена.

Тој ги прекина преговорите на почетокот од месецов откако администрацијата на Трамп воведе нови санкции против Каракас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.