Мадуро порача дека Гуаидо може да биде уапсен на враќањето во Венецуела

© REUTERS/Marco Bello

Венецуелскиот опозициски челник кој минатиот месец се самопрогласи за привремен шеф на државатат Хуан Гуаидо, би можел да биде уапсен доколку се врати во својата земја по посетата на соседна Колумбија која ги поддржува, навести претседателот Николас Мадуро во интервјуто за американската телевизиска мрежа ABC News објавено во вторникот.

„Тон меже само да доаѓа и да оди. Тој ќе мора да излезе пред лицето на правдата, а судот му забрани да ја напушта земјата. Јас ќе ги почитувам законите“, вели венецуелскиот претседател Николас Мадуро во интервјуто за ABC News.

Венецуелскиот Врховен суд му забрани на претседателот на парламентот Хуан Гуаидо да патува во странство во јануари. Забраната е на сила додека тој е под истрага поради, како што рече државниот обвинител Тарек Вилијам Сааб, „сериозни кривични дела против уставниот поредок“.

И покрај тоа, Гуаидо отпатува во колумбискиот пограничен град Кукута минатиот викенд за да го следи доставвуањето на хумантарната помош за Венецуела, што го спречија венецуелските војници со солзавец и користење гумени куршуми против демонстрантите. Мадуро тврди дека хуманитената помоп од Западот е само параван САД воено да интервенираат во неговата земја и да го соборат од власт.

Гуаидо по Кукута отпатува во колумбиската престолнина Богота на состанот на Групата Лима, чиишто земји членки го признаа за привремен претседател на Венецуела. Тој за колумбиските медиуми рече дека наскоро ќе се врати во Венецуела, но Мадуро предупреди тогаш ќе мора да одговата пред судот, поради кршењето на забраната.

„Николас Мадуро не е во позиција никого да апси во оваа земја… Судовите имаат свои постапки и тие даваат налози на извршното тело… Никој не може да биде над законот“, рече Мадуро за ABC News.