Фејсбук ја блокираше страницата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро поради кршење на правилата на социјалната мрежа односно ширење дезинформации за Ковид-19 и рекламирање на неиспитан лек.
Мадуро во јануари објави видео на Фејсбук, во кое тврдеше дека го опиша оралниот раствор со екстракт од мајчина душица „Карвативир” е „чудотворен” лек што го неутрализира коронавирусот без несакани ефекти. Таквите тврдења не се научно докажани.
Според Фејсбук Мадуро со видеото ја нарушува политиката против лажните тврдења дека „нешто може да гарантира заштита од инфекција со Ковид-19 или да гарантира оздравување”.
Страницата на Мадуро е блокирана на 30 дена, а останува неговиот профил на Инстаграм.
Во февруари, Мадуро изјави дека Фејсбук ги „цензурира” видеата во кои тој го рекламира „Карвативир”.