Кога е во прашање забавата на тениските мечеви, репертоарот на Монфилс е речиси бескраен, бидејќи на секој негов нов натпревар не изненадува со некој потег, поен или шоу.
Токму таков момент Монфилс приреди и во првото коло од турнирот во Виена, каде Французинот го совлада Томас Белучи со 2:1.
Еден од поените во третиот сет беше маестрален, бидејќи во негов стил, Монфилс во една загубена позиција, при смеч на Белучи успеа да одговори со – контра смеч!