Мафијата егзекутираше човек под заштита на италијанската полиција

Непознати сторители го убиле братот на крунскиот сведок во процес против мафијата, иако бил под специјална полициска запштите, исвести во средата италијанската новинска агенција Ansa.

Сторителите успеале да го убијат 51-годишникот во вторникот вечерта со најмалку 20 куршуми, додека го паркирал својот автомобил во гаражата на јадранскито крајбрежен град Песара,.

Случајот предизвика гневни реакции на јавнсота, бидејќи мажот бил под специјална програма за заштита на сведоците на Министерството за внатрешни работи. Жртвата, според локалните медиуми, е брат на припадник на озлогласената мафијашка организација ’Ндрагета, која се смета за една од најраширените и најбруталните во моментов во светот.

Јавноста во Песара е шокирана поради тоа што е убиен човек под полициска заштита за сведоци, изјавил градоначланикот Матео Ричи. Министерот за внатрешн иработи, кој воедно е и вицепремиер, Мате Славини, најави дека ќе го посети градот во четврток.