Магарето Коста… рикааааа!!!

Простете ми, јас не не сакам да се занимавам со фризерки и кој е на власт, ве има доволно, купишта кои треба да сте корективи на власта. И како ви иде? …. како оди онаа француската…?Иде, па стане, па нече да крене! – Луј Витон.

Уцапани до гуша, добро утро, по 9756 пат.

Се’ што ни се случува е само и исклучиво наша одговорност. Колективна. Бидејќи сме полов огран од овца за тие што не’ крадат, лажат и алишта диплат, кои треба да ги згрбавиме, вие си преќутувате, партиски вртите глава, ај као за казуата… и ви се раѓа стока од популација која вика: Ооо, дечки, овде нема последици, разваљуј!

Боки го фатија и у ќорка е, така? Ќе рече некој правда? Абе црепови недоделкани, мислите дека тоа малициозно дегенериче може и има капацитет да создаде толкава мрежа на криминални деланија без логистика од барем 20 фунцкионери? Кутриот он, сега мора да ќутии, трпи оти ако писне и таа мизерија од живот ќе ја изгуби. Барем парите му останаа. Праша некој каде е торбата со парите? Каде заврши таа? Е, така… за помалку знам и сум гледал дека улици горат, за ова дури и статуси на фејсбук нема!

Шарените

Ја кренаа во воздух земјата, пиштеа низ цел свет дека тонеме во мрак и беззаконие, дека само што и конц логори не се направени, плачеа и клеветеа пола деценија по сите влади и институции дека сме бетер од Северна Кореја, дека Гитлер и Пичноче се ситна боранија за она кај нас. И им учинија, им рекоа – разваљуј. Со уста полна правда, никогаш повеќе криминал, земјата да ја истераат на прав пат, станаа најбезначајна, најниска можна структура, бедници кои уште рикаат како магариња со пароли кои можеби и значеа нешто пред 5-6 години. Рикаат и не им пали свеќичката дека они се сега власт и што направивте? Дупе клокоче. Исто како и моине патриоти и вие си удривте рекет по се’ и сешто, оти повторно, ова е село без кучиња, но со многу магариња.

Затоа немам што да се занимавам со фризерката која побудува восхит меѓу просечниот кој глуми гнев, а во себе АХ КАМО И ЈАС ДА МОЖАМ ВАКА… и не е осамена, сигурно ги има купиушта како неа кои лапаат кркаат и немаат гајле. Кога со џанак-окоти добиваш војна мораш и да им ги трпиш хировите. А, они не се доблесни со труд и пот да заработат, а си викаат – па чекај, ние ова го заслужуваме!

И затоа се занимаваат со опозиција, јанкосвињадебела и секој кој не е на нивна, викаат вриштат и пиштат за да не се чуе радоста на магарињата кои рикаат од радост.

Криминал има секаде и ќе има, само кај нас тој никогаш не се истерувал до крај… во име на виши цели. И како што ги заборавивте промената, на знамето, војната 2001, ТАТ, фиром, името, боки и катрљон други работи, така и ова, ќе ви изветрее до нова година.

Ние не сакаме реалност ние сакаме флоскули, сакаме пароли, сакаме да хејтаме на фејсбук, но да преземеме одговорност – НЕ НЕ и ЊЕТ! Затоа сме и најмеизерни во Европа, јер смо пиќке!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.