„Магазин“: Кирацовски ја вработил сестра си во Централен регистар?!

Александар Кирацовски пред неколку дена си ја вработил својата сестра Мирјана Јосифовска (моминско Кирацовска) во Централен регистар во Битола.

Ова за „Магазин“ го изјави граѓанин на Битола, активист на владеачката партија, којшто сакаше да остане анонимен.

-Истиот извор додава дека станува збор за добро работно место, со високо образование, каде сестрата на Кирацовски ќе зема нето плата од 36.000 денари. Инаку сестрата на Кирацовски е постара од него три години, живее во Битола, сопруга и мајка на две деца. Воедно, како генерален секретар на СДСМ, Кирацовски важи за главен кадровик во партијата, а низ градот и по социјалните мрежи не е никаква новост кога ќе се чуе дека за некој да се вработи во РЕК Битола, или на Царина, или во ЈП Стрежево или во општина Битола, мора прво да го има на списокот на Кирацовски, пишува порталот.

На оваа тема се огласија многу поддржувачи на владеачката партија, а една од најгласните е Мери Николова, активист на СДСМ и учесник во Шарената револуција, која го обвини Кирацовски дека си ја вработил неговата љубовница во државниот Катастар.

Во случајот со вработувањето на сестрата на Кирацовски во Централниот регистар во Битола, легитимно се поставува прашањето дали станува збор за класичен непотизам и злоупотреба на партискиот статус на нејзиниот брат?

Целата вест, прочитајте ја на МАГАЗИН