Магла на дел од патиштата, ГП Евзони затворен за сообраќај

магла

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека граничниот премин Евзони и денеска ќе биде затворен за сообраќајот во двата правца поради штрајкот на грчките земјоделци.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Маглата во Скопската котлина засега не влијае на одвивањето на авиосообраќајот. Според веб страницата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.