Намалена видливост поради магла има на патните правци Неготино-Демир Капија од 20 до 30 метри, Ресен – Битола 50 метри и Прилеп-Битола од 50 до 100 метри, соопштија од ЈП Македонијапат.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.