Магла на патот Тетово-Групчин

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 20 до 30 метра има на патен правец Тетово –Групчин, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.