Магла на Попова Шапка, видливост до 100 метри

Намалена видливост поради магла до100 метри има на Попова Шапка, информираат од ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни служби.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.