Мајами ја торпедираше Оклахома Сити

Само три натпревари се одиграа во ноќта меѓу четврток и петок во НБА лига, а дуелот кој  што привлече најголемо внимание беше меѓу Оклахома Сити и Мајами.

Мајами славеше со 103:81, а очекувано најзаслужен за победата беше Леброн Џејмс со 33 поени. Но, кралот во последната четвртина по сударот со Ибака, мораше да го напушти теренот со крвав нос.

Голем придонес за победата на жешките на овој натпревар дадоа и Крис Бош и Двејн Вејд, кои постигнаа по 24 поени. Ова воедно беше 39 . победа за Мајами на гостински терен.

Резултати: Милвоки – Денвер 90:101, Голден Стејт – Хјустон 102:99.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.