Мајами поразен од Чикаго, Индијана од Далас

Трите тима кои се на врвот во двете конференции во НБА лига, ноќеска претрпеа порази. Индијана откако обезбеди пласман во плејофот има серија од четири порази , овој пат беше совладана од Далас со 105:94

Нејзиниот кикс не го искористи Мајами , кој по продолжение беше поразен од Чикаго со 95:88 , додека Оклахома Сити загуби од Лос Анџелес Лејкерс со 114:110

Резултати: Чикаго – Мајами 95:88, ЛА. Лејкерс – Оклахома Сити 114:110, Њу Орлеанс – Денвер 111:107, Бостон – Детроит 118:111, Бруклин – Сакараменто 104:89, Хјустон – Портланд 118:113, Минесота – Торонто 104:111, Далас – Индијана 105:94, Голден Стејт -Феникс 113:107