Мајчинството е заразно

Нова студија покажала дека жените, чии пријателки неодамна се породиле и самите имаат желба што побрзо да станат мајки. Истражувачите затоа на шала велат дека мајчинството е заразно. Желбата жените побрзо и самите да станат мајки, е изразена најмногу во првите денови по пораѓањето на нивните блиски пријателки.

„Желбата се јавува веднаш по пораѓањето на пријателката, а својот врв го достигнува во периодот од две години по пораѓањето. Потоа полека оваа желба опаѓа. Генерално гледано, ова истражување покажува дека на одлуката за засновање на семејство и бременост не влијаат само индивидуалните одлики туку и самото социјално окружување“, вели ко-авторот на оваа студија, Николета Балбо.

Истражувањето е спроведено во Америка и во него учествувале 1.700 жени, а научниците го истражувале и влијанието кое пријателките го имаат кога станува збор за планирана бременост, поточно раѓањето на првото дете.

Истражувачите како можно објаснување, зошто мајчинството е заразно, наведуваат дека односите со блиските личности и соживувањето со тоа што им се случува, едноставно е во нашата природа.

„Окруженоста со пријатели кои веќе имаат свои деца, ги притиска луѓето и тие, што е можно побрзо да засноваат свое семејство“, вели Балбо.

Исто така, од блиските луѓе учиме многу работи во животот, па така, жените од своите пријателки учат одредени работи за мајчинството.

Уште една од причините зошто жените посакуваат деца кога нивна пријателка ќе се породи е што децата ќе им бидат приближно иста возраст и ќе можат и на ова поле да ги делат проблемите и да си помагаат една на друга.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.