Мајка ги оставила децата кај пријател, тој ги истетовирал

Мајка и нејзиното момче се обвинети за злоставување на нејзините деца, затоа што дозволиле синот и ќерката, кои и двајцата се помли од 13 години, да бидат истетовирани од еден нивни семеен пријател.

Триесет и петгодишната Мелиса Делп и 32-годишниот Даниел Џанеј се обвинети по апсењето на семејниот прјател, 20-годишниот Алехандар Едвардс, кој е обвинет за тетовирање на нејзините деца.

Едвардс е обвинет за киднапирање, нанесување на повреди и злоставување на деца.

Тој се грижел за децата на 22 декември и тогаш ги одвел да се тетовираат, без согласност од нивната мајка.

„Тие сега се обвинуваат за тоа како реагирале кога се вратиле дома и забележале дека децата се тетовирани. Мајката и очувот на децата се обиделе да го скријат она што се случило, но тоа воопшто не помогнало, туку доведе до дополнителни лузни“, се наведува во соопштението на судот.