Мајка на еден од бомбашите: „Син ми не мислел да убие никој, се разнел од стрес“ (ВИДЕО)

Мајка на еден од бомбашите: „Син ми не мислел да убие никој, се разнел од стрес“
Мајка на еден од бомбашите: „Син ми не мислел да убие никој, се разнел од стрес“

Мајка на бомбаш-самоубиец во нападите во Париз, вели дека нејзиниот син  не мислел да  убие некој и тврди дека тој можеби се разнел во воздух од стрес, пишува „Дејли мејл“.

Ибрахим Aбдеслам (31), организирал  соло напад надвор од кафулето „ Comptoir Voltaire“, во близина на местото на масакрот во концертната сала „Батаклан“ во петокот вечерта.

Неговиот брат Мохамед Абдеслам,  беше уапсен во западниот дел на Брисел, еден ден по нападите во главниот град на Франција, во која најмалку 129 лица беа убиени, а стотици други беа повредени.

Полицијата ја пропушти својата шанса да го уапси третиот брат, Салах, кога тој бил запрен и испрашуван од полицијата, кога тој ја преминал границата со Белгија по нападите. Тој сега е предмет на голем меѓународна потерница.

Салах Абдеслам (26) од Брисел, познат како „џихад" главен град на Европа, сега е предмет на голема меѓународна потера
Салах Абдеслам (26) од Брисел, познат како „џихад” главен град на Европа, сега е предмет на голема меѓународна потера

Мајката денеска го бранела Ибрахим, велејќи дека неговото самоубиство можеби било несреќа и дека тој можеби го изврши нападот бидејќи тој бил под стрес.

Ибрахим Абдеслам (31) се разнесе во воздух во самоубиствен напад надвор од кафулето „Волтер“, во близина на местото на масакрот во концертната сала Батаклан во петокот вечерта.
Ибрахим Абдеслам (31) се разнесе во воздух во самоубиствен напад надвор од кафулето „Волтер“, во близина на местото на масакрот во концертната сала Батаклан во петокот вечерта.

Говорејќи надвор од семејниот дом, семејството Абделслам тврдеше дека тие биле „изненадени” дека Ибрахим се „разнел“ во близина на Стад де Франс.

pariz-apsenje

Нивната мајка, говорејќи со новинар преку нејзиниот внук – братучед на „бомбашите “, на прагот од семејниот дом во Моленбек, изјавила дека тие се сигурни дека тој не планира да убие некој.

„Ова не беше неговиот план, тоа е сигурно”, вели таа. „Факт е дека неговиот самоубиствен појас експлодирал без да убие некој, кажува многу.“

Семејството додава: „Ние дури и го видовме два дена пред нападите. Немаше знаци дека има планови да направи нешто насилно. “

Семејството, признало дека  тој поминал „долго време“ во Сирија.

„Ние сме навистина изненадени што Салах бил вклучен. Ибрахим беше поинаков. Ние забележавме дека беше радикализиран, барем делумно. Но, не до толку дека би можел да да направи вакво нешто“.

Друг член на семејството на браќата, тврди дека тој не би сакал да стане бомбаш-самоубиец: „Можеби експлозивите експлодирале предвреме случајно. Можеби тоа е од стрес. “

Обвинителите го идентификуваа Ибрахим, кој сериозно повредил случаен минувач кога ја активирал бомбата, како човекот што го изнајмил автомобилот „сеат“ што терористите го кориселе вечерта во нападите.

Автомобилот е најден напуштен со скриено оружје внатре.

Бомбата во кафулето беше еден од седумте смртни напади извршени од џихадистите во текот на ноќта на крвопролевањето во Париз.