Мајка со ХИВ донирала црн дроб за синот и му го спасила животот

Лекари во Јужна Африка трансплантирале дел од црниот дроб на ХИВ-позитивната мајка на нејзиното неинфицирано дете. Тоа во времето на операцијата имало 13 месеци, но со сериозно оштетување на црниот дроб, па без трансплантација најверојатно би починало.

Како што објасниле лекрите за стручното списение  „АИДС“, тие процениле дека за бебето има помал ризик ако се инфицира со вирусот.

Бидејќи не можеле да добијат орган од здрав донатор (само лани 14 деца починале во Јоханесбург чекајчи на орган), лекарите го ставиле детето на листата на чекање. Мајката, која успешно се лекува со  антиретровирусна терапија која го спречува појавувањето на болеста, повеќе пати се нудела да биде донатор, но лекарите ја одбивале поради дијагнозата. Кога и по шест месеци не нашле соодветен орган, а на детето му се влошила здравствената состојба, лекарите се одлучиле мајката да биде донор. Тоа беше прв пат во светот орган од лице кое е ХИВ-позитивно да биде трансплантирано на неинфицирано лице.

Мајката и бебето добро се опоравиле по операцијата, која била спроведена во 2017 година, се вели во извештајот.

За сега, сепак, не може со сигурност да се каже дали детето е заразено.  Кратко време по операцијата мислевме дека детето е ХИВ-позитивно бидејќи во крвта најдовме соодветни антитела. Но деталните анализи за сега не укажуваат на присуство на активен ХИВ вирус,  вели хирургот Жан Бота.

Експертите укажуваат дека детето ќе биде во можност да го води релативно нормален живот, дури и ако подоцна се открие инфекција. Јужна Африка има најсеопфатна програма за лекување на ХИВ/Сида  со антиретровирусна терапија. Само една капсула  дневно значително го подобрува квалитетот на животот на пациентите.