Мајката на Амал не го сака Клуни за зет

Бариа Аламудин, мајката на адвокатката Амал, идната госпоѓа Клуни, која успеа да го освои заколнатиот ерген не е задоволна од изборот на нејзината ќерка и смета дека за неа би било подобро доколку се омажи со човек од иста вера.

Холивудскиот заводник кој со години ги крадеше женските срца беше непоколблив за повторно да застане на „лудиот камен“, се додека не ја сретна Амал. И додека голем број од мајките би биле воодушевени ако ќерката им се омажи за славниот глумец, мајката на Амал не мисли така.

dzordz-kluni-amal-alamudin-1403210586-519427

Бариа сака нејзината ќерка да се омажи за член на исламската секта Друза, бидејќи Амал е одгледана во духот на таа вера која забранува мешани бракови.

„Можеби на јавноста и се чини дека Амал го одбрала совршениот маж, но нејзината мајка не е нималку среќна. Таа смета дека нејзината ќерка може да помине и подобро доколку најде маж од својата вера“, велат блиски членови на семејството Аламудин.