Мајки ја продаваат невиноста на ќерките за 500 долари!

Дара Кео и нејзината мајка Ротана биле целите во солзи кога допшол моментот младата Кео да оди. Ротана плачела бидејќи знаеле дека сторила нешто ужасно – ја продала невиноста на својата ќерка на непознат човек, нешто што го прават илјадници други жени во Камбоџа.

Клиентот барал Кео најпрво да биде прегледана од експерт, за да се утврди дека таа е навистина „добра“ роба. Откако е утврдено дека девојката е навистина невина, била подложена на ХИВ тест.

„Утврдив дека сум девица и дека не сум болна. Тогаш ме однесоа кај човекот кој ме купи. Морав да останам со него една недела, додека ме силуваше повеќе пати, без презерватив“, раскажува седумнаесет годишната Кео.

Мажите кои се интересираат за вакви „услуги“ во Камбоџа се често високо рангирани функционери од камбоџиската Влада, војска или полиција, како и други членови на азијската елита, кои плаќаат од 500 до 5.000 долари за невина девојка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.