Мајкл Фелпс заработи шестмесечна суспензија

Мајкл Фелпс е суспендиран на шест месеци од страна на американската пливачка федерација откако бил фатен како управува со автомобил во пијана состојба. Фелпс пред една недела возел со 135 километри на час на дел од патот каде е дозволена 72 километри на час.

felps2

Токму поради оваа суспензија Фелпс ќе го пропушти Светското првенство во Казан следната година, а ќе му биде повлечено и финансирањето од федерацијата. Тој ќе може повторно да се натпреварува од 6. март следната година.

Фелпс во неделата се извини за својата постапка и објави дека наредниот период ќе се посвети на себе и ќе оди на рехабилитација за лечење од алкохол.

Со 18 златни медал Фелпс е најтрофејниот спортист во историјата на Олимписките игри.