Мајтапи со снимката од рекетот

Секако и најнормално е дека после протекување на директни докази за рекетот на Б-Оки, доаѓа наплив од колумни, анализи и останати писанија кои на мигови делуваат како лична терапија на ИЗДИШИ и не земај воздух … никогаш повеќе

Мајтап?

Секако после сево ова што го видовме, а и што доживеавме минативе години, ако некој имаше сомнеж дали сме циркуз – ние сме Циркуз Држава – деифнитивно. Нека други кажат што ова значи, кој е виновен, кој е инволвиран и секако, (фонтот на мониторот трпи се) тези дека не е валидно оти новинарот се сликал со неко вмровец и затоа све ова не важи , секако од оние кои лапале пари од рекетарот. Нејсе.

А како реагира јавноста?

Пар часови откако рано утринава екплодира снимкава и дoживеа невидена експанзија низ регионов, тешко дека некој може сега да релативизира освен кај саборците за каузата да не се додепресира оти ова е да земеш да се утепаш, едјно 5-6 пути, нали?  Но откако скоро сите ја изгледааа ззнимката во мене како органска рекација се јавија мигови кои очигледно колектививтетот исто така ги филингизириал. J

МАЈТАААААП!!!

Прво научивме да броиме до 13 на италијански – тродечи, како тоа елегантно звучи, како некоја тулумба со нутела и млечен крем со барени жолчки, послужена на метално чинифче и сок од цедени мандарини, кој се ликсури со кренато мало прсте со нокте со 3Д цртеж на пилиња кои пејат во житна ливада, нокте на машко прсте кој сака да личи на дада. Тредичи, мама миа, ќе бене, мулто бене. Потоа, најголемиот мајтап и најкурнски потег на Камчев е

Боки – Мислев дека парите у кеса ќе ми ги дадеш.

Орце – Не те личи у кеса да ги носиш

Му подава Луј Витон достоен за една Рада, накрцкан со јевричи, и џипиес. Правење луд и будала левел 9000. Треба малку поише од курназлак за вакво, треба мадиња. Иначе за џипиес торбата знаевме уште пред месец дена но сега некој сака да си собира поени, а ние акутно брзозаборавка не фаќа, нејсе.

И толку од мене за оваа брзопишанка, целта ми беше да илустрирам што е најИН у моментов. Имено твитерџиите со фотката кога Џордан ги испраќа на врата како миг за одлични коментари кои ви следуваат. Јас цел ден се церекам ко нездрав, а народов само покажува да се носите сите у тредичи.

И така до бесконечност само од оваа фотографија. Бидеејќи одамна помина времето за плачење и кукање, сега едиствено што можеме е мајтап на сФе, мислам дека хуморот е најсилниот одбранбен механизам во ова време на идиотизам и ренесанса.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.