Макаби славеше против Фенербахче за четвртфинале со Реал Мадрид во Евролигата

Израелската гордост Макаби Тел Авив го победи Фенербахче со 85-76 во последниот меч од кошаркарската Евролига, по што го освоија петтото место по групната фаза и со тоа закажаа пресметка во четвртфиналето со Реал Мадрид, кој заврши како четвртопласиран.

После израментото прво полувреме во кое Макаби на одмор замина само со кош предност (45-43), до триумфот Израелците дојдоа во завршната четвртина кога го скршија бившиот европски првак и тоа откако Фенер дојде до водство од 75-73, па следеше серијата за триумф со 12-0 за најубедливи 85-75 во завршницата.

Нунали даде 19 поени со седум скока, Жижиќ додаде 16 поени со седум скока, а Вилбекин и Вилијамс уште беа двоцифрени со 14 односно 10 поени. Кај Фенербахче, Букер со 14 поени, Дувериоглу со 12 и Акпинар со 10 беа најефикасни кај турскиот клуб.

После завршување на групите, покрај пресметката на Реал и Макаби, другите четвртфинални мечеви се Барселона – Баерн Минхен, Милано – Анадолу Ефес и Олимпијакос – Монако.