Македонци и Црногорци повредени во тепачка во Албанија

Масовна тепачка се случи денес во бродска линија Анкона -Драч во раните утрински часови, пишува Gazeta Express.

Според полицијата, косовски државјанин влегол во конфликт со пет странци, Црногорци и Македонци. Како резултат на кавгата, Косоварот прободел еден од нив. Полицијата во Драч го уапсила 36-годишниот Алтин Хакам, роден во Митровица со живеалиште во Лондон.

Полицијата започнала кривична постапка против Далибор Јовановиќ (36) и Виктор Крстевски (34) кои живеат во Република Македонија како и Драган Ковачевиќ (29) и Драгиша Гогиќ (25) и двајцата од во Црна Гора, објави Gazeta Express.

Полицијата соопшти дека најтешко повреден е 28-годишниот црногорски државјанин В.M.кој моментално се наоѓа во Воената болница во Тирана и е во критична состојба.

Другите  се полесно повредени. За време на конфликтот, биле повредени и Алтин Хакам и неговата сопруга Хакам Л. (35) жител на Лондон, кои се во регионалната болница во Драч надвор од животна опасност.