Македонци од денеска може да се вакцинираат со „Фајзер“ и „Модерна“ во Софија

„Комак Медикал“ од Софија од денеска попладне (15 часот) започнува со вакцинирање на македонски граѓани без ограничувања со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ против ковид-19, објави БГНЕС.

Вакцинацијата ќе се изврши во клиничкиот центар на компанијата во дворот на Александровската болница.

-За регистрација и организирани посети, ве молиме користете ги контактите на канцелариите на Комак Медикал во Софија и Скопје, како и контактите на фондацијата Бугарска Паметизјави д-р Милен Врабевски, претседател на фондацијата.

д-р Милен Врабевски

Сертификатите ќе се издаваат само со матичен број и бугарски пасош, но никој што сака да се вакцинира нема да биде вратен, додаде тој.

Д-р Врабевски е познат филантроп во Бугарија и Макеоднија.