Македонци уапсени во полициска акција во Цирих

Стотина странци биле уапсени во полициска акција на швајцарската полиција, а меѓу уапсените има и македонски државјани, јавуваат тамошните медиуми.

Полицијата на кантонот Цирих ја спровела акцијата со цел сузбивање на криминалот, при што се уапсени 127 лица, меѓу кои Срби, Македонци, Косовци, Грузијци, Французи, Колумбијци, Монголци, Полјаци, Романци и Сиријци.

Акцијата била спроведена од октомври, лани, до февруари, годинава, односно полицијата во тој период значително ги зголемила патролите во кантонот како и контролите врз возилата.

Меѓу уапсените, 24 се осомничени за провални кражби, од кои 21 се предадени на постапка во обвинитлеството, 55 се уапсени за кршење на Законот за странци како и за наркотици, или за немоќноста да им се утврди идентитетот. Поднесени се 180 кривични пријави како и многу казни.

Деталните бројки се уште не се познати, но според полицијата, дефинитивно е намален бројот на провали во кантонот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.