Македонците од Бугарија: Нашето негирање е срам за бугарската држава

108

Maкедонците од Бугарија му  одговорија на бугарскиот премиер Кирил Петков кој рече дека не македонско малцинство во неговата земја не постои.

Тие го прашуваат колку ли е  апсурдно чувството да се кажуваат очигледни лаги во кои никој освен измамените граѓани на Бугарија не верува?

Според „Омо Илинден Пирин“, прогонот и асимилацијата врз македонското малцинство беше првиот преродбенски процес што го започна Тодор Живков и единствениот кој се уште не е запрен или осуден. Според нив , ова е последната тоталитарна политика во ЕУ и како таква е бугарски срам за Европа.

 

Негирањето на македонското малцинство во Бугарија е срам за бугарската држава и демократија.За жал, во Бугарија лагата е претворена во национално достоинство, беззаконието во ред, кршењето на човековите права во морал, асимилацијата и дискриминацијата во животни работи, колку побрзо Бугарија се ослободи од лагата дека ги немаме останатите наши свети лаги за Македонија и Македонците, толку подобро ќе биде и за неа и за сите граѓани на Бугарија и на Балканот.На премиерот му посакуваме брзо закрепнување од овој срам и од оваа болест! Вакцина против тоа е вистината. Друго нема-велат од организацијата на Македонците во Бугарија.

Премиерот Петков утре треба да допатува во официјална посета на Македонија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.