Македонците од Франција одржаа собир за суверена Македонија

Македонската дијаспора од Франција денеска организираше мирна манифестација во Париз „За суверена и мултикултурна Македонија“, јави дописникот на МИА.

Собирот, кој беше организиран од сите македонски здруженија на граѓани од Франција, започна во 13.30 часот на мостот Алма, од каде учесниците на манифестацијата организирано заминаа до Марсовите полиња, запирајќи пред споменикот за правата на човекот, а потоа и пред Ѕидот на мирот непосредно кај Ајфеловата кула.

париз собир македонци
Учесниците на собирот упатија и порака на македонски и француски јазик.

– Со месеци странски мешања и угнетувања на Република Македонија и македонскиот народ, Европската унија и некои странски дипломати им даваат лекции на Македонците во областа на демократијата, но ниту една земја членка на ЕУ не прифаќа грешна демократија. Како може да се толерира албанска платформа, составена во странство, да го негира македонскиот народ, да се напаѓа македонската нација со расистички зборови и да се плука врз химната, знамето, јазикот и идентитетот на цел еден народ, беше посочено во пораката.

Учесниците од Ајфеловата кула се упатија кон УНЕСКО, каде заврши собирот „За суверена и мултикултурна Македонија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.