Македонците од Канада со апел: Излезете масовно и гласајте за ВМРО-ДПМНЕ за да се сруши оваа ненародна и предавничка власт

Македонците од Канада упатија апел до своите браќа и сестри во матичната земја, посакувајќи масовна излезност и рушење на ненародната и предавничка власт на Заев, Шеќеринска и Димитров.

Курир во целост  го проследува апелот на нашите иселеници од Канада:

„Во име на друштвото “Илинден“ и во име на Македонците од Канада, ви се обраќаме со апел сите да излезете на изборите во среда за да се сруши оваа ненародна и предавничка власт која плански, под странски диктат, го разнебитува нашиот народ. Низ милениумите и вековите, стотици илјади Македонци ги положиле своите животи за слобода и создавање на македонска држава. Нашите херои се безбројни и наша должност е да го браниме и одбраниме скапоценото наследство кое тие ни го оставиле. Заради тој аманет мораме веднаш да ги фрлиме на ѓубриштето од историјата шаката предавници олицетворени во Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Никола Димитров и бандата која ги следи и подржува. Со капитулантски политики, тие го уништуваат македонизмот и современата македонска држава која со крв е создадена во Втората светска војна.

Излезете сите на избори и подржете ја ВМРО ДПМНЕ која единствено може да ги промени овие погубни политики кои ги води сегашната власт. На политичката сцена се појавија многу мали партии кои немаат сили да ги променат негативните процеси во државата. Нека не ве залажува што некои од нив се залагаат за поништување на предавничките договори со Бугарија и Грција и законот за албанскиот јазик бидејќи поголемиот дел од нив се создадени или финансиски поддржани од странските тајни служби, со единствена цел да ја оневозможат уверливата победа на ВМРО ДПМНЕ на изборите, преку преземање на дел од неговите гласачи.

Затоа, ако навистина си ја сакате нашата Македонија, ако си го сакате својот народ, излезете масовно на изборите и дајте го гласот за ВМРО ДПМНЕ, единствената сила која носи обнова.

Почитувани Македонци, не заборавајте дека овие избори не се обични. За нас, тие се да се биде или не. Ако власта остане во рацете на овие капитуланти, по нивниот нов мандат ќе биде многу тешко дури невозможно да се спасуваат македонизмот и македонскиот карактер на нашата држава.

Сега е моментот за пресврт! Сите на избори!

НЕКА НИ СЕ ВЕЧНИ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

ДРУШТВО “ИЛИНДЕН“

 

Торонто, 10 јули 2020                                ПРЕТСЕДАТЕЛ,  АНДРЕ ШУКОВСКИ“