Македонците сѐ повеќе купуваат онлајн

Триесет и шест проценти од македонските граѓани кои имаат пристап до интернет вршат онлајн нарачки. Од почетокот на годината до крајот на јуни бројките покажуваат дека се потрошени 84 милиони евра преку онлајн нарачки што е раст од 26 проценти во однос на истиот период лани. Во земјава има потенцијал за раст на е-трговијата, постојат услови, законодавството дава можности, оформен е и Електронскиот регистар на население, а се најавуваат и промени и во делот на мали партки и нивно следење со скенер.

Ова беше истакнато пред годишната конференција за е-трговија „Бизнис раст со е-трговија“ во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, накоја присуствуваше министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, директорот на ФИТР Јован Деспотовски и Виктор Стојковски генерален секретар на Асоцијцијацијата.

-Интересот за е-трговија сѐ повеќе расте што го потврдуваат и бројките за потрошени 84 милиони евра во првата половина од оваа година што е раст од 26 отсто во однос на тој период лани“, рече Стојковски и додаде дека радува фактот што се зголемува и процентот на нарачки кон домашни оналјн продавници, во однос на нарачките од странство.

Министерката за финансии Ангеловска, посочи податоди за 2011 година кога обртот од онлајн трговијата изнесувал 930 илјади евра, а во 2017 година достигнал 134 милиони евра, што е раст од околу 30 проценти, со огромен потенцијал за уште поголем развој.

-Сметам дека имаме огромен потенцијал за уште поголем и позабрзан раст, но за да го вклучиме тој потенцијал клучно е да имаме квалитетно партнерство и холистички пристап помеѓу Владата, невладините организации, реалниот сектор, академијата, едукациските центри. Дигиталната економијата е предизвик за сите земји и носи огромни можности“, рече Ангеловска и додаде дека од оние граѓани што имаат пристап до интернет, 36 проценти вршат онлајн нарачки.