Македонците сѐ уште се на црна листа за влез во Црна Гора

Институтот за јавно здравје на Црна Гора го ажурираше списокот на земји од кои пристигнувањето во оваа земја не претставуваат предмет на посебни ограничувања. Македонија и оваа недела не се најде на списокот.

Листата, како што наведува Институтот, нема да биде проширена, затоа што ниту една држава од последното ажурирање немаше држави кои ги исполниле утврдените критериуми. Таа започнува да важи од 15 јуни од 00:00 часот.

Македонија на последното ажурирање поради зголемениот број на заболени се најде на „црната листа“, па така нашите државјани засега не можат да влезат во оваа земја.