Македонците толку многу си одмагаат самите себеси, што ни Господ не може да им помогне

Слушнете ја квази теоријата за македонската нација и нејзиното бугарско потекло на Денко Малески, повика академик Катица Ќулавкова, споделувајќи го контроверзното интервју на Малески за бугарската Нова ТВ.

По Македонците, Малески како Бугари ги распродаде и Делчев и Мисирков

Беда на умот и на моралот, во најмала рака, коментира Ќулавкова.

Трагедиите се случуваат Дома, во семејството, меѓу блиските. Што може “свој” човек да ти направи, туѓ не може. Македонците толку многу си одмагаат самите себеси, што ни Господ не може да им помогне, порача таа.