Македонците во Албанија бараат и дијаспората да гласа

Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски се заглага за што поскоро донесување на изборнит закон во Албанија.

– Покрај моето барање, ние уште бараме Албанија да биде една изборна единица, да има отворени листи, да гласа и дијаспората, да се деполитизираат изборните комисии и одбори, да се обезбеди електронско броење на гласовите и да нема финансирање на партиите од буџетот на државата, изјави Стерјовски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.