Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански без претставници од државниот врв

Собирот во Мелник по повод 107 години од смртта на Јане Сандански беше навистина семакдонски, велат организаторите.

Тие се задоволони од одзивот. Гости имало од дијаспората, преставници на организации од Македонија, Бугарија и Албанија, но не и од македонскиот државен врв. Пораки на поддршка пристигнаа од Македонци во Канада, Франција, германија, но и од македонската амбасад во Софија и лидерот на Левица кој лично пристигна во Мелник.

Собирот поминал во мирна атмосфера, но полицијата не дозволила користење на озвучување. Од ОМО Илинден – Пирин се задоволни со соработката на месните власти.

Донесена е и декларација со која се поддржува пријателсттвото меѓу Македонија и Бугарија, но се бара реципроцитет со признавање на македонското малцинтво.

Собирот се случува еден ден откако во Битола беше отворен бугарскиот клуб Ванчо Михајлов во присуство на висока делегација од Софија.