Македонец изумител на револуционерни очила за лекување тумор

Македонец изумител на револуционерни очила за лекување тумор

Во понеделник, со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Универзитет „Св. Апостол  Павле“ во Охрид вон. проф. д-р Виктор Груев од Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД. ќе одржи предавање на тема: „Инспирација од природата за сензори (применливи) во хирургијата“ (Bio-Inspired Sensors for Image Guided Surgery).

Проф. Груев (39) е изумител на специјално дизајнираните очила со кои хирурзите за време на операциите можат да ги видат клетките на туморот. Пронајдокот претставува вистинска мала револуција во светската медицина, бидејќи овозможува прецизно отстранување само на заболените клетки и запазување на здравото ткиво.

Македонец изумител на револуционерни очила за лекување тумор
Македонец изумител на револуционерни очила за лекување тумор

Во своето предавање проф. Груев ќе зборува за два типа на сензори чиј дизајн е заснован врз визуелни системи на животни и нивната примена во неврологијата и онкологијата. Првиот сензор е дизајниран врз основа на визуелниот систем на раковите Мантис (Mantis shrimp), а вториот се заснова врз визуелниот систем на пеперутките Монарх (Monarch butterfly).

Македонец изумител на револуционерни очила за лекување тумор
Македонец изумител на револуционерни очила за лекување тумор

По завршување на предавањето проф. Груев им нуди можност на заинтересираните студенти да позборуваат за условите и можностите за запишување на докторски студии од областа на компјутерски науки, електроинженерство и биомедицинско инженерство на Универзитетот „Вашингтон“.

Универзитет „Св. Апостол  Павле“ во Охрид ги поканува сите заинтересирани слушатели  да присуствуваат на предавањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.