Македонец ја убил сопругата, па се застрелал

Трагедијата која се случи во Сиднејската населба Карлтон длабоко ја потресе македонската заедница во Сиднеј и Австралија. Од засега не разјаснети причини триесет и осум годишниот Тони. К. со неколку истрели од огнено оружје ја убил својата сопруга триесет и шест годишната Татијана К., а потоа сам си го одзеде животот, пишува сајтот www.shilomagazine.com.au

Брачната двојка зад себе остави три малолетни деца кој за среќа за време на убиството се наоѓале кај родителите на сега починатиот Тони. Според порталот, македонската јавност низ Сиднеј длабоко шпекулира за причините но се чека официјален извештај од сиднејската полиција која врши обдукција на телата.

Пред да се убие Тони, како што пишува порталот, постирал последна порака до своите деца на фејсубк профилот каде што пишува дека така морало да биди и дека тој и мајката на децата, ќе ги гледале децата од небото. Во пораките пишувал и дека наводно се сомневал дека сопругата го изневерува.