Македонец починал зошто надрилекарот го лечел од тумор на мозокот со цедени сокови и тинктура

Триесет и едногодишниот Славчо Петров, кој боледувал од тумор на мозокот, починал на 7 јануари годинава. Сестрата на Славчо, Билјана Јовановиќ (32) за неговата смрт го обвинува српскиот надрилекар Мирољуб Петровиќ, кој им рекол во никој случај да не одат на лекар и дека само од неговата тинктура ќе му биде подобро.

Кога Славчо починал, целата вина за неговата смрт ја префрлил на семејството. Ова во утринската програма на една српска телевизија го тврди Јовановиќ која се соочи со лажниот лекар.

Јовановиќ пред камерите изјави дека безгранично му верувала на Петровиќ, како и дека веднаш по дијагнозата на нејзиниот брат му пишала мејл. Тој им препорачал 30 дена цедени сокови и неговата тинктура.

Како што дознава „Блиц“, овој самопрогласен доктор, е познат по шарлатанството. Тој убедувал многу луѓе наместо на доктор, да доаѓаат во неговиот центар, каде дебело им ги наплаќал „лекувањата од рак“.