Македонец во Швјцарија ја убил сопругата, па се обидел да се самоубие

Педесет и четиригодишен Македонец со потекло од Струмица денеска утро ја убил својата 38-годишна поранешна сопруга на паркинг во швајцарскиот град Аскона.

„Бев во киоскот кога одеднаш слушнав викање, па околу 4-5 истрели, 20 секунди подоцна уште толку истрели едно по друго“ – раскажува еден видно потресен очевидец. Тој додава дека отишол веднаш да помогне но испаничени граѓани го предупредиле да се тргне настрана.

Видел како телото на мажот лежело над телото на веќе мртвата жена, иако очевидците мислеле дека е мртов тој се помрднал се придвижил неколку чекори напред и повторно паднал при што била повикана полиција. Полицијата потврдила дека се работи за македонски државјани кои живееле во Лукарно но биле разведени. Кај жената е констатирана смрт, а мажот во критична состојба со хеликоптер префрлен во болница. Безбедносните камери од локалните продавници снимиле како мажот ја влечел за рака жената и насила ја довел на паркингот каде по кратка расправија извадил пиштол и ја застрелал а потоа пукал во себе.