Македонија 77-ма на Индексот на демократија, во групата земји со „хибриден режим“

Македонија е рангирана на 77-то место во светот според Индексот на демократија во 2019 година, што во средата го објави денеска го објави  Economist или подобрување од само едно место во однос на претходната 2018 година.

Според рангирањето, Македонија и натаму останува групата држави со „хибриден режим“ и се наоѓа во иста група со Албанија, Украина, Црна Гора, Сенегал, Кенија, Танзанија, Непал, Мали, Сиера Леоне, Босна и Херцеговина, Пакистан…

Списанието за демократија е квартално академско списание основано во 1990 година и e официјално објавување на Меѓународниот форум за демократски студии на Националната фондација за демократија. Опфаќа проучување на демократијата, демократските режими и про-демократските движења низ целиот свет.

Според најновото истражување на списанието авторите Левицки и Веј ја ажурираа својата класификација на аторитарни режими во светот. Заклучно со 2019-та година Македонија регресирала на ниво на авторитарен режим! Македонија е во друштво на африкански држави како Буркина Фасо, Боцвана, Мозабик, Мали и Сиера Леоне!

Со ова најново истражување, странците дефакто го пуштија Заев низ вода и го прогласија за диктатор! Националната фондација за демократија  (NED) е американска непрофитна организација која се бави со мека моќ и е основана во 1983 година со наведената цел за промовирање на демократијата во светот. Финансирана е првенствено преку годишна распределба од американскиот Конгрес во форма на грант доделен преку Американската агенција за информации (USAIA), односно од американската држава, а се шпекулира дека е во тесна соработка со разузнавачката агенција CIA. Создадена е според Програмата Демократија како двопартиска, приватна, непрофитна корпорација и, пак, делува како фондација за грантови. Покрај програмата за грантови, NED исто така го финансира и едитира Списанието за демократија, Светското движење за демократија, Меѓународниот форум за демократски студии, програмата за стипендии „Реган-Фаскел“, мрежата на институти за истражување на демократијата и Центарот за меѓународни медиуми како и Интернационалниот републикански нститут IRI, Националниот демократски институт NDI.

Според дефиницијата на Списанието за демократија за компетитивни авторитарни режими, станува збор за земји кои започнале со транзиција во 1980-тите и 90-тите, но никогаш не успеале да станат консолидирани демократии, тие во својата дефиниција го користата и зборот хибридни режими, кои според нив комбнираат авторитарни и демократски карактеристики. Според медиумот квазидемократските институции всушност го зајакнуваат авторитаризмот. Од 46 режими помеѓу 1990 и 1995 година, повеќето или се демократизираа или беа заменети со нови автократии, односно дополнително регресирале.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.